Новак: Словачка бара од Русија да ги зголеми испораките на гас во текот на зимата

Словачка не го отворила прашањето за реверс на гасот од Русија во Украина преку Словачка.

Министерот за енергетика на Русија, Александар Новак изјави дека Словачка бара од Русија зголемување на испораките на гас зимава, пренесува РИА Новости.

Одговарајќи на прашањето на која тема се зборувало за време на средбата на 22 октомври со словачката делегација во рамките на националниот форум за гас и нафта, Новак изјави: „Тие сакаат да се зголемат испораките на гас зимава...“.

За време на средбата со словачката страна не станало збор за реверсот на гасот од Европа во Украина преку Словачка, забележа министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња