Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук предложи да се воведат визен режим со Русија како средство за дополнителна контрола на руско-украинската граница. Ова тој го изјави во етерот на украинскиот телевизиски канал „24“, а пренесува „Lenta.ru“.
Меѓутоа, тоа смета дека Украина засега извршува доволна контрола на официјалните контролни пунктови. Премиерот истакна дека на киевскиот аеродром „Бориспол“ работи специјална група цариници кои ги враќаат во Русија руските државјани кои во земјата дошле без утврдена цел.
Претседателот на Државната дума на Русија, Сергеј Наришкин ја прокоментира изјавата на Наришкин како „глупост“.
„Таквата глупост воопшто не придонесува во развојот на нашите две земји“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче