Украинските воени лица тајно добиваат материјали од истрагата за соборувањето на Боингот, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на информациите објавени на интернет-страницата на организацијата „СајберБеркут“.
Хакерите на Интернет објавиле извештај од началникот на ПВО единиците на Украина, полковник Игор Зорин за истрагата за падот на малезискиот Боинг, чија содржина укажува на постоење „посебни односи“ меѓу комисијата за истрага на падот на авионот и украинската војска.
Меѓу другото, во документот кој хакерите го објавиле се наведуваат карактеристики на воената техника со која е соборен малезискиот патнички авион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче