Украина не е во состојба самостојно да плаќа за своите државни обврски, и соодветно, финансиското банкротство е неизбежно за оваа држава, изјави советникот на претседателот на Русија, Сергеј Глазјев, а пренесува РИА „Новости“.
„Украина фактички се наоѓа во состојба на дефолт. Земјата веќе има голем неплатен долг за гасот“, изјави Глазјев.
„Се појавува прашањето – кој ќе плати за тоа? Помошта која ја вети Европската унија и САД не е доволна за да се покријат ‘дупките’ во платежниот баланс“, додаде тој.
„Дефолтот, според мене, е неизбежен. Ќе успеат ли секторски да прогласат дефолт? Најверојатно не“, изјави Глазјев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.