Путин: руските банки треба да ја продолжат работата во Украина

Банките во Русија, и покрај осложнувањата на ситуацијата во Украина, треба да ја продолжат работата таму, бидејќи заминување од пазарот во Украина сериозно ќе ѝ наштети на украинската економија, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на средбата со шефот на банката ВТБ, Андреј Косин.

Костин забележа дека ВТБ бележи загуби во Украина поради вандализмот насочен против нејзините филијали, а кон вработените се упатуваат закани.

„Работата, безусловно, треба да продолжи. Пред сѐ, затоа што во банкарскиот сектор на Украина руските финансиски институции заземаат повеќе од 30%, и ако ја прекинеме својата дејност, тоа ќе биде сериозен и голем удар за украинската економија. А ние тоа не го сакаме“, изјави Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња