Медиуми: Кина смета дека санкциите против Русија ќе ја продлабочат кризата во Украина

Кина смета дека санкциите против Русија нема да ја разрешат кризата во Украина и ќе доведат до нејзина ескалација, пишува весникот China News, повикувајќи сена официјалниот претставник на МНР на Кина, Хун Леа.

„Вчера одговорив на слично прашање. Кина смета дека воведување санкции нема да го реши проблемот. И не само тоа - може да има обратен ефект. Разрешувањето на кризата во Украина може да се оствари само преку политичко регулирање на ситуацијата“, изјави Хун Леа, одговарајќи на прашање на новинар околу можното воведување нови санкции против Русија од страна на Јапонија.

Пред неколку дена официјалниот претставник на МНР на Кина изјави дека „независно од тоа како ќе се менува меѓународната ситуација, Кина ќе продолжи со стратешкото партнерство со Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња