Потапов: хуманитарната помош ќе биде распределена во понеделник

Испораката на хуманитарната помош, која во саботата пристигна од Русија во Луганск, ќе биде распределена во понеделник, пренесе за РИА „Новости“ првиот вицепремиер на самопрогласената Луганска народна република, Валериј Потапов.

„Во понеделник ќе почнеме да ја разделуваме помошта“, изјави Потапов. Тој забележа дека властите на Луганската народна република веќе разработиле систем за распределување на хуманитарната помош. Во недела сета помош ќе биде подготвена за рапределување.

Според зборовите на Потапов, во моментов продолжува истоварањето на хуманитарната помош. Во процесот учествуваат околу 300 волонтери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија