Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин и претседателот на Украина, Петро Порошенко не се договориле за прекин на огнот, пренесува РИА „Новости“.
Песков подвлече дека Русија не е страна вмешана во конфликтот.
Тој уште еднаш напомна дека претседателите само разговарале за начинот да се реши конфликтот. Претходно Песков изјави дека гледните точки на Путин и Порошенко за можните патишта за излез од кризата во значаен степен се совпаѓаат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче