Европските медиуми ја демонизираат Русија и му наметнуваат на своето население „ангелски карактер“ на властите во Украина. Како што пренесува РИА „Новости“, ова го изјави спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин.
„Жалите што многу месеци европското јавно мислење преку средствата за јавно информирање наметнува 'ангелски карактер' на раководството во Киев, а истовремено врши демонизација на Русија“, изјави Наришкин за време на средбата во Париз со претставниците на бизнисот, политичките и општествените дејци.
Тој подвлече дека Русија не е учесник во конфликтот во Украина.
„Вистинската причина за тоа што се случува во Украина, а која е премолчена од повеќето западни политичари и глобалните средства за масовна информација, се состои во тоа што значителен дел од граѓаните на таа земја се изненадени и шокирани од беззаконието и насилството од страна на новите киевски власти“, резимираше Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче