Изјавата на Петро Порошенко за навлегување на руската војска во Украина е провокација. Вака ги прокоментира зборовите на украинскиот претседател претставникот на Советот на Федерацијата на Русија, Евгениј Бушмин.
Според неговите зборови, руска војска во Украина нема и нема да има, бидејќи „нам не ни треба војна“. И не само тоа, сенаторот изјави дека ги контактирал претставниците на Ростовската област после изјавата на Порошенко, но таму „ништо не знаат за тоа“.
Руска реч на македонски ќе продолжи да го следи развојот на настаните.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче