Путин: асоцијацијата на Украина и ЕУ ќе ја чини Русија 100 милијарди рубљи

Штетата за руската економија поради реализацијата на договорот за асоцијација на Украина и ЕУ може да изнесува повеќе од 100 милијарди рубљи (околу 2,1 милијарди евра), изјави Владимир Путин.

Штетата за руската економија поради реализацијата на договорот за асоцијација на Украина и ЕУ може да изнесува повеќе од 100 милијарди рубљи (околу 2,1 милијарди евра), изјави Владимир Путин.

Тој нагласи дека Договорот ќе удри на целиот индустриски сектор, а штетата ќе ја почувствуваат Белорусија и Казахстан.

Путин нагласи дека поради бесцаринскиот режим, ќе се зголеми увозот на производи од ЕУ на украинскиот пазар. Тој смета дека не смее да се заборави и на нелегалниот реекспорт на истата стока на заедничкиот пазар на Царинскиот совет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња