Руските војници, кои неодамна беа уапсени во Украина, патролирале на границата и веројатно случајно ја преминале, а за време на апсењето не пружиле отпор на припадниците на украинските вооружени сили, јавува РИА „Новости“, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија.
„И украинските војници многупати преминувале на руска територија, поединечно или во групи – околу 500 војници, а некои од нив дури ја преминуваа границата со оружје во рацете и со оклопни возила. После тоа ние не дигавме толкава прашина, туку едноставно ги враќавме на украинска територија сите кои тоа го сакаа“, додаде соговорникот за новинската агенција во Министерството за одбрана.
Ноќта меѓу понеделникот и вторникот Службата за безбедност на Украина изјави дека уапсила 10 руски падобранци кои ја преминале руско-украинската граница.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче