Патријархот московски и на цела Русија, Кирил го честиташе Денот на независноста на Украина на претседателот Петро Порошенко. Во својот говор поглаварот повика да се направи сѐ што е во негова сила за да се прекине крвопролевањето на југоистокот на Украина.
Според зборовите на патријархот Кирил, имено Украина е наследник и чувар на заветот на крстителот на Русија - Владимир. „Затоа нејзиниот народ треба да биде пример за побожен живот“, смета тој.
Патријархот изрази надеж дека Украина наскоро ќе стане просперитетна земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.