Лавров: Киев поставува услови за прекин на огнот

Москва на преговорите во Берлин се изјасни дека во Украина е потребен безусловен прекин на огнот, а не поставување дополнителни услови од Киев, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Ние ја потврдивме нашата руска позиција, изложена во неколку наврати, а која кажува дека прекинот на огнот мора да биде безусловен. Украинските колеги, за жал, и понатаму поставуваат разни услови, и тоа прилично нејасни“, изјави тој.

Лавров истакна дека Русија „нема ништо против тоа контролата на режимот на преминување на границата да биде максимално ефикасна“. „Ние правиме сѐ што зависи од нас“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња