Радата донесе закон за санкции против Русија

Парламентот на Украина во четвртокот усвои закон со кој се предвидува воведување на повеќе од 20 санкции против Русија, вклучувајќи и прекин на транзитот на гасот. Оваа одлука во четвртокот ја поддржаа 244 парламентарци од потребни минимум 226 гласа.

Документот дава можност да се блокираат сметките, да се ограничи трговијата, делумно или целосно да се забранат летовите и превозот преку територијата на Украина.

Пакетот санкции предвидува и прекин на сите трговски договори, културни размени, анулирање на официјалните посети и забрана на работата на руските политички партии. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња