Обама го стави Путин пред избор

Претседателот на САД, Барак Обама ги коментираше санкциите за увоз на прехранбени производи кои ги воведе Москва, и ја повика Русија да ги обнови „сериозните преговори“ во врска со ситуацијата во Украина, пренесува „Комерсант“.

Барак Обама напомна дека во случај ситуацијата на ескалира, САД би можеле да ги прошират санкциите против Москва. „Нашите санкции функционираат како што е предвидено, бидејќи вршат огромен притисок врз руската економија. Нема многу инвеститори кои се подготвени сега да започнат нов бизнис во Русија“.

„Претседателот Путин има избор - да проба да го реши проблемот на истокот на Украина по дипломатски пат и да им овозможи на Украинците самите да носат одлуки, или да продолжи по правецот по кој тргнал и да нанесе долгорочна штета на економијата и на сопствениот народ“, изјави Обама. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња