Русија може да ги забрани испораките на нафта во Белорусија ако Минск даде помош на Киев

Роман Худјаков, член на комитетот во Думата за односи со ЗНД, евроазиска интеграција и односи со Русите во странство, смета дека Русија треба да ги забрани испораките на нафта во Белорусија доколку Минск даде помош на Киев. Ова го изјави пратеникот во интервју за радиостаницата „Говорит Москва“.

„Ние прекрасно знаеме дека Украина со помош на таа помош во нафтени производи ќе ги подготви тенковите, транспортерите и другата воена техника која учествува во борбите во Донецката и Луганската област. Зар Лукашенко не разбира дека помагајќи му на Порошенко, тој го уништува братскиот народ во Украина?“, изјави Худјаков.

Според неговите зборови, дејствата на белорускиот лидер не се пријателски кон Русија и не се доволно осмислени.

„Ако Белорусија се реши на тоа, односно, на еден начин започне да ја финансира војната против Донецк и Луганск, тогаш ние, според мене, треба целосно да ги прекинеме испораките на сите нафтени продукти на територијата на таа држава“, подвлече Худјаков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.