На територијата на Русија преминаа 438 украински војници кои се обратиле на руската гранична служба барајќи азил. Оваа информација ја пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС повикувајќи се на изјава на раководителот на прес-службата на граничната управа на ФСБ на РФ, Василиј Малаев.
„Врз основа на одлуката на граничната служба на РФ, соработниците на граничната управа го отворија хуманитарниот коридор и ги пуштија азилантите на територијата на Русија“, изјави Малаев. Тој додаде дека меѓу нив има 164 украински граничари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.