Во украинскиот град Славјанск било пукано врз хотелот во кој се наоѓала екипа на рускиот Прв канал, објавено е на интернет-страницата на ТВ каналот. „Екипата снимала репортажа, а во моментот на детонацијата камерата била вклучена“, се кажува во соопштението.
Никој од соработниците на телевизискиот канал не е повреден.
Ноќта меѓу неделата и понеделникот загина снимателот на Првиот канал, Анатолиј Клан (68), погоден со куршум во околината на Донецк. Тоа е третион новинар кој загина во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче