За злосторствата против цивилите на истокот на Украина некој ќе мора да одговара, изјавија во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
„Бараме од украинските власти да прекинат со нападите врз градовите и селата во својата држава и да се вратат на вистинскиот, а не на лажниот прекин на огнот за да се зачуваат човековите животи“, нагласија во МНР на Русија.
Во министерството потсетија дека украинските власти спроведуваат казнена операција во Донецската и Луганската република. „Постојаното гранатирање на градовите и селата за кое се одговорни силите на војската на Украина, различни територијални банди, па и Десен сектор – се причина за губењето на многу животи“, нагласија во МНР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче