Наришкин: Западот ја крие вистината за случувањата во Украина

Претседателот на Државната дума на Русија, Сергеј Наришкин, кој ја предводи руската делегација на редовната седница на Постојаниот комитет во Парламентарното собрание на ОБСЕ, изјави дека дел од западните партнери ја прикриваат вистината за тоа што навистина се случува во Украина.

Претседателот на Државната дума на Русија, Сергеј Наришкин, кој ја предводи руската делегација на редовната седница на Постојаниот комитет во Парламентарното собрание на ОБСЕ, изјави дека дел од западните партнери ја прикриваат вистината за тоа што навистина се случува во Украина и дека тие „самите ќе се разоткријат“ ако продолжат да пружат отпор кон создавањето контакт група за Украина врз основа на платформата на ОБСЕ.

„Многу ни е незгодно што некои наши партнери ја прикриваат вистината за тоа што навистина се случува во Украина. Сега, деновиве постои добра можност таа вистина да се каже“, изјави Наришкин на состанокот со претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња