Предлогот на претседателот на Русија, Владимир Путин за укинување на решението за праќање војска во Украина зборува за новиот обид да се деескалира ситуацијата околу Украина, пишува The Guardian.
Во март годинава претседателот на Русија побара од Советот на Федерацијата да се дозволи користењето на Вооружените сили на Русија на територијата на Украина поради ситуацијата во земјата и заканата по животот на руските граѓани. Завчера Путин побара од сенаторите да се укине тоа решение.
Како резултат на судирите на истокот на Украина во последниот месец загинаа стотици лица, и сега регионот навлегува во тежок преговарачки период, чија цел е да прекине „ескалирањето на насилството“, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче