Шест украински граничари кои беа ранети за време на нападот на територијата на Руската Федерација, се предадени на украинската страна, соопшти во саботата помошникот на директорот на државната гранична служба на Украина, Сергеј Астахов.
Синоќа, според податоците на граничната служба на Украина, припадниците на народната војска воделе борба со украинските граничари кај граничниот премин „Изварино“ во Луганската област. Украинските граничари за време на борбите биле принудени да се повлечат на територијата на Руската Федерација. Соопштено е дека за време на борбите биле ранети шест украински граничари, од кои двајца се во тешка состојба. Тешко е ранет еден руски граничар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче