Во Русија се наоѓаат околу 400.000 бегалци од Украина

Околу 400.000 бегалци од Украина се наоѓаат во пограничните делови на Русија, изјави за новинарите директорот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски.

Околу 400.000 бегалци од Украина се наоѓаат во пограничните делови на Русија, изјави за новинарите директорот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски.

Тој, исто така, изјави дека последните четири дена во регионот пристигнале 70.000 лица. Ромодановцки изјави дека неговата служба врши изработка на предлози за проширување на квотата за привремен престој на украинските бегалци во Русија.

Поради заострувањето на ситуацијата на југоистокот на Украина, во јуни нагло се зголеми бројот на бегалци во Русија. Секој ден доаѓаат до 10.000 украински граѓани.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.