Русија го почитува изборот на украинскиот народ на претседателските избори, изјави претседателот на Државната Дума на Руската Федерација, Сергеј Наришкин.
Тој, исто така, нагласи дека изборите во Украина не може да се наречат во целост „слободни и демократски“. Според неговите зборови, треба да се земе предвид дека на претседателските кандидати им е вршен голем притисок. Претседателот на парламентот, исто така, нагласи дека на југоистокот на Украина продолжува казнената операција против цивилното население.
Според најновите податоци, на изборите кои беа одржани во неделата води милионерот Петро Порошенко, кој доби 54% од гласовите. Поранешната премиерка, Јулија Тимошенко, освои 13,16% од гласовите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче