Седницата на Советот Русија-НАТО за Украина треба да се одржи следната недела, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко.
Според неговите зборови, итната потреба од одржување на Советот е предизвикана од наглото влошување на ситуацијата на југоистокот на Украина „каде самопрогласените киевски власти спроведуваат злосторничка казнена операција“.
Претходно генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека седницата на Советот Русија-НАТО може да биде одржана следната недела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче