Шефовите на МНР на Русија и Германија разговараа по телефон за Украина

Министрите за надворешни работи на Русија и Германија, Сергеј Лавров и Франк Валтер Шајнмаер, за време на телефонскиот разговор изразија загриженост во врска со континуираните судири на истокот на Украина.

Министрите за надворешни работи на Русија и Германија, Сергеј Лавров и Франк Валтер Шајнмаер, за време на телефонскиот разговор изразија загриженост во врска со континуираните судири на истокот на Украина, а исто така повикаа страните да ја регулираат ситуацијата, се пренесува на интернет-страницата на МНР на Русија.

„Министрите изразија загриженост поради судирите кои не прекинуваат, се согласија дека е потребна деескалација на ситуацијата, откажување од насилни дејства и избегнување на нови жртви за да се создадат благопријатни услови за вистински национален дијалог за прашањата околу уставната реформа во Украина“, се кажува во пораката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.