Украинската компанија „Нефтогас“ изрази готовност до јуни да го плати долгот од 4 милијарди долари кон Гаспром. Главен услов за плаќањето е фиксирање на цената на ниво од 268,5 долари за илјада кубни метри гас, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјавата на заменикот шеф на министерството за енергетика на Украина, Игор Диденко.
„Доколку цената се фиксира на 268,5 долари, подготвени сме да ја платиме сумата од околу 4 милијарди долари“, изјави Диденко.
Претходно министерот за енергетика на Русија, Александар Новак, изјави дека Украина не ќе може да го плати долгот за рускиот гас дури и ако ѝ се даде попуст.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче