Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави во интервју за интернет-изданието „Слон“ под кои услови Москва ќе ги признае претседателските избори во Украина како легитимни.
Тој смета дека ако поддржувачите на федерализацијата на истокот на Украина го послушаат Путин и одлучат да го одложат референдумот планиран за 11 мај, доколку Киев ја прекине воената операција и ги преземе чекорите за започнување дијалог - тогаш може да се изведе Украина од ситуацијата која засега само се влошува.
Според зборовите а функционерот, во моментов Кремљ не води разговори со киевските власти, а предлогот на Путин да се помести референдумот „не е за да му угоди на Киев, туку за да му помогне на украинскиот народ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.