МНР на Русија: Киев мора да престане да ја праќа војската против народот

Киев мора итно да престане да ја ограничува слободата на медиумите, да го ограничува преминот преку руско-украинската граница, да прекине со праќање на армијата против населението, стои во коментарот на МНР на Русија по повод учеството на Сергеј Лавров во работата на сесијата на Советот на Европа на 5-ти и 6-ти мај.

„Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, ќе учествува во работата на 124-та сесија на министрите на Советот на Европа во Виена“, беше изјавено вчера во канцеларијата за информации и печат во МНР на Русија.

Сергеј Лавров во понеделник ќе учествува во свеченостите по повод 65-годишнината од основањето на Советот на Европа, а на 6-ти мај ќе учествува во политичките дискусии на тема „Значењето на Советот на Европа и стабилноста во Европа: современи предизвици“.

„Политиката на Киев и ограничувањето на слободата на медиумите, ограничувањето на протокот на патници преку руско-украинската граница, праќањето вооружени сили против цивилите - противречи на основните норми и принципи на Советот на Европа и мора итно да се прекине со тоа“, изјавија во понеделникот во МНР на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња