Украинските граничари претепале двајца Руси и еден Белорусин

Украинските граничари претепале со автомати двајца граѓани на Русија и еден граѓанина на Белорусија на границата во Ростовската област, соопштува РИА „Новости“, повикувајќи се на претставникот на ФСБ во Ростовската област.

Според неговите зборови, двајцата Руси патувале да посетат пријателка во Лиганск. На патот тие се запознале со граѓанинот на Белорусија кој се упатува дома. Заедно тие зеле такси и се насочиле кон границата со Украина.

Тие го пресекле рускиот пункт, а на украинскиот, според нив, била применета сила кон нив“, изјави претставник на граничната управа.

Според зборовите на настраданите граѓани, украинските граничари ги тепале со раце, нозе и до кундаците на автоматите. Можна причина за агресивното однесување на украинските граничари е туристичкиот детаљ кај жителот на Белорусија, за кој помислиле дека е од бандитска група.

После инцидентот тројцата граѓани биле вратени од границата и добиле забрана за влез во земјата во времетраење од три години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња