Претседателот на Бугарија: Русија претставува опасност за Европа

Многу Бугари не ги поддржуваат санкциите против Русија, пренесуваат руските медиуми. Сепак, претседателот на земјата, Росен Плевнелиев е уверен дека Русија не претставува опасност само за Украина, туку и за цела Европа. Во интервју за францускиот весник "L'Express", тој апелираше дека треба да се одбранат „европските вредности“, дури и на штета на сегашните интереси.

Кремљ одбра нова политика, политика која сѐ повеќе е националистичка и агресивна кон околните земји, смета Росен Плевнелиев. „Во прашање е осмислена стратегија за дестабилизација најпрво на Крим, а потоа и на југоистокот на Украина со истото сценарио. Кој е следен? Молдавија? Балканот?“

Плевнелиев изјави дека Бугарија и понатаму гаи љубов кон Русија, но според неговите зборови, љубовта кон руската култура, музика и книжевност не ги оправдува акциите на Русија. „Ние во суштина сме, пред сѐ, проевропска земја. Од друга страна, проектот Русија преку своите вредности и светоглед е антиевропски“, тврди бугарскиот лидер.

Според неговите зборови, Европа сега ги става под прашалник своите основни вредности, тоа што е пример за целиот свет - сиот хуманизам и демократски развој. „Најлош кошмар ќе биде моментот кога населението на југоистокот на Европа ќе биде сведено на ниво на жители од втор степен“, смета Плевнелиев. Тоа ќе биде враќање во 19 век, но според неговите зборови, имено тоа е тоа што го сака Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија