Лавров: Киев треба да воспостави дијалог со истокот на Украина

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Киев треба да воспостави директен дијалог со претставниците на југоистокот на Украина, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Киев треба да воспостави директен дијалог со претставниците на југоистокот на Украина, пренесува РИА „Новости“.

„Улогата на Русија, САД и Европа и сите други заинтересирани држави не се состои во поддршката на одредена страна, туку во започнувањето на директен дијалог меѓу тие кои сега се на власт во Киев со оние кои не се согласуваат со нив, пред сѐ на југоистокот на државата“, изјави Лавров после средбата со шефот на МНР на Чиле.

Шефот на руското МНР забележа дека САД и претставниците на ЕУ ја блокирале можноста за „кружна маса“ меѓу властите во Киев и опозицијата под ОБСЕ.

„Тоа е жално. И понатаму ќе повикуваме за целосно исполнување на Женевскиот договор, кои нашите партнери се обидуваат да го игнорираат“, подвлече тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња