Јацењук: Русија сака да започне Трета светска војна

В.д премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, назначен од Врховната Рада, изјави дека Русија со своите дејства во Украина сака да започне Трета светска војна, пренесува Ројтерс.

В.д премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, назначен од Врховната Рада, изјави дека Русија со своите дејства во Украина сака да започне Трета светска војна, пренесува Ројтерс.

„Светот уште не ја заборавил Втората светска војна, но Русија веќе сака да започне трета“, изјави тој, подвлекувајќи дека обидите да се иницира воен конфликт во Украина ќе доведат до војна во Европа.

На 24 април министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, изјави дека Русија ќе одржи воени вежби на границата со Украина. Според неговите зборови, вежбите се одговор на акциите на киевските власти против мирното население на југоистокот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња