Западот не исклучува уште една средба во Женева, посветена на украинската криза, пишува The Guardian. Ова за весникот го изјавил западен дипломат чие име не се наведува.
„Негативната реторика која потекнува од Москва не е тоа што го очекувавме од Русија“, изјави тој. „Сепак, ќе ѝ дадеме некое време на Русија за да разбере што треба да се направи“, додаде изворот. Тој не исклучи дека новата средба во Женева ќе биде посветена за регулирање на несогласувањата околу ситуацијата во Украина.
Западните чиновници признаваат дека се појавија проблеми во реализацијата на договорите од Женева, но и покрај тоа САД и ЕУ го одложуваат решението за можно воведување нови санкции против Русија, надевајќи се дека во следните денови прашањето ќе се реши по дипломатски пат, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче