Нуланд: Не може да се спореди ситуацијата во Киев со проруските нереди на истокот на Украина

Протестантите во Киев имаат право да ги држат под контрола зградите, бидејќи ги имаат сите дозволи за тоа, па и дозволата од властите, изјави помошникот на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Не може да се спореди ситуацијата во Киев со она што се случува во источна Украина. Протестантите во Киев имаат лиценца за сѐ што прават во склад со дозволата од владата и според договорот со украинскиот парламент, или имаат договор со сопствениците на зградите“, тврди Нуланд.

Таа, исто така, истакна дека властите во Киев веќе презеле чекори во правец на исполнување на договорот од Женева. Еден од таквите чекови е „праќање во парламентот на предлог-закон за амнестија“, како и „праќање на претставници на истокот на Украина ко ќе работат со ОБСЕ“.

„Освен тоа, во Киев веќе се тргнати барикадите од Мајдан“, нагласи помошничката на државниот секретар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња