Сите бродови на Воената морнарица на Украина го напуштија Крим, пренесува агенцијата „РБК-Украина“, повикувајќи се на соопштение од прес-службата на в.д. претседателот на земјата.
„Денес во Севастопољскиот залив и заливо Донузлав излегоа сите бродови на Воената морнарица на Украина, меѓу кои се десантниот брод „Кировград“, корветата „Виница“, помошниот брод „Золотоноша“ и други“, се наведува во соопштението.
Бродовите отпловија во Одеса, каде се наоѓа база на Воената морнарица на Украина. Според податоците, добиени од воениот ресор, повлекувањето на останата воена техника од Крим, како што се воените авиони, продолжува и понатаму.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче