Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Џон Кери, во текот на телефонскиот разговор кој го направија во петокот се договорија да ги продолжат блиските контакти и преговорите за нормализација на ситуацијата во Украина.
Рускиот министер укажа на потребата од непосредно и целосно исполнување на Женевскиот договор од страна на сегашните украински власти, што подразбира прекин на насилството и почеток на национален дијалог за новиот устав на Украина.
Разговорот беше направен по иницијатива на американската страна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.