Русија ќе ја натера Украина однапред да плаќа за гасот доколку Киев не го подмири долгот, изјави претседателот Владимир Путин за време на „директната линија“ одржана вчера.
„Ние ќе почекаме уште малку. Ќе почекаме уште еден месец. Ако и за тој месец не пристигнат никакви средства, тогаш, соодветно договорот, ќе преминеме на т.н. припејд плаќање“, изјави шефот на државата.
Тој изјави дека според договорот, „Гаспром“ има право, доколку не се плаќа за гасот, да воведе систем на плаќање однапред за гасот, давајќи сметка за следниот месец не порано од 16-ти за секој месец. Според зборовите на Путин, таквиот систем може да проработи веќе во јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче