Дмитриј Јарош, кандидат за претседател на Украина и лидер на радикалното движење „Десен сектор“, против кој во Русија е покрената кривична постапка поради учество во борбите против руските војници во Чеченија 1994-1995, прогласи општа мобилизација на сите структури на својата организација поради најновите случувања на југоистокот на Украина, каде локалното население спроведува акции на поддршка за федерализацијата на земјата, јавува РИА „Новости“.
„Земајќи ја предвид ситуацијата, наредувам на сите структури на 'Десен сектор' да извршат општа мобилизација и да се подготват за одлучно делување во правец на заштита на суверенитетот и територијалната целосност на земјата“, изјави Јарош.
Тој ја повика војската и полицијата „да не создаваат препреки на делувањето на 'Десен сектор', туку да му помагаат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче