Украина треба да исполни неколку услови за да добие финансиска помош од Русија

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, изјави дека за да добие финансиска помош од Русија, Украина ќе треба да ја признае легитимноста на приклучувањето на Крим во составот на Русија, како и да спроведе уставна реформа, избори и да не ги дискриминира Русите. Ова го пренесува „Интерфакс“.

„Уставна реформа, легитимни избори и создавање на влада со која ќе може да разговараме, признавање на Крим како дел од Русија, прекин на дискриминацијата на руското население во Украина - тоа се позициите кои ги ставаме како услов, чие исполнување ќе ѝ овозможи на Русија да предложи конкретни чекори за дополнителна финансиска помош - како во буџетските, така и во прашањата за гасот“, изјави Силуанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња