Можен е прекин железничкиот сообраќај меѓу Русија и Украина

Поради конфликтот меѓу Москва и Киев, возможно е да биде прекинат железничкиот сообраќај меѓу Украина и Русија, пренесува РИА „Новости“.

Поради конфликтот меѓу Москва и Киев, возможно е да биде прекинат железничкиот сообраќај меѓу Украина и Русија, пренесува РИА „Новости“.

Компанијата оператор „Укрзализница“ побара од компанијата РЖД (Руските железници) од 27 мај да ја прекине продажбата на билети за сите возови кои сообраќаат на територијата на Украина.

Во Киев тој чекор го објаснуваат со „некомпатибилноста“ на распоред на возови за Крим. Во РЖД „поради непрецизната формулација на писмото“ планираат целосно да ја прекинат продажбата на карти за возови кои одат во Украина и на Крим.

Како што е прецизирано во РЖД, во моментов се водат преговори со украинската страна за решавање на таа ситуација.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија