Украинците станаа рекордери според бројот на молби за прибежиште во Русија

Украина стана лидер според бројот на поднесени молби за азил во Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Валентина Казакова, началник во Федералната служба за миграција.

Украина стана лидер според бројот на поднесени молби за азил во Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Валентина Казакова, началник во Федералната служба за миграција.

„Во моментов води Украина. Неколку илјади лица побараа привремено прибежиште, а повеќе од 200 побарале статус 'бегалец'“, изјави Казаков.

Во ФМС забележаа дека после Украина следат Сирија, Авганистан и Грузија.

Според зборовите на Казакова, Украинците, исто така, често бараат и руско државјанство, како и добивање на патенти и дозволи за работа.

„Секојдневно доаѓаат нови 5.000 лица“, изјави Козакова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња