Константин Долгов, ополномоштен во МНР на Русија за правата на човекот, демократијата и владеењето на правото, изјави пред новинарите дека властите на Украина одбиваат да ги пуштат на територијата на својата држава руските новинари, со што вршат политичко цензурирање, пренесува РИА „Новости“.
Тој подвлече дека новите власти во Украина не ги извршуваат обврските во сферата на правата на човекот.
„Тоа директно кажува колку ’сериозно’ властите во Киев се однесуваат кон извршувањето на обврските на државата во сферата на правата на човекот. Станува збор за двојни стандарди и за политичка цензура“, забележа Долгов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче