Министерство за одбра на РФ: Западот против Русија води информациска војна без правила

Поради кризата во Украина, во НАТО преовладува мислењето на поддржувачите на поцврста политика кон Русија, изјави заменикот министер за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов, пренесуваат руските медиуми.

Поради кризата во Украина, во НАТО преовладува мислењето на поддржувачите на поцврста политика кон Русија, изјави заменикот министер за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов, пренесуваат руските медиуми.

„Се шират застрашувачки приказни за руските Вооружени сили и нивната бројност на границите со Украина. Се води информациска војна без никакви правила“, нагласи Антонов.

„Постојат верификациони процедури, и ние строго се придржуваме до сите обврски. Осум инспекциски групи ја посетија Русија во последно време, а двапати тоа беа украински војници. Заклучоците кои беа донесени на завршните брифинзи потврдуваат дека Вооружените сили на Русија не спроведуваат никакви непријавени активности кои можат да ја загрозат безбедноста на Украина“, нагласи заменикот министер.

Заменикот министер за одбрана истакна дека „Русија посветила внимание на плановите на некои земји на Алијансата, кои на својата територија близу руските граници сакаат да разместат големи воени контингенти“. Според мислењето на Антонов, „обоените револуции претставуваат нов феномен во меѓународниот живот“, но наместо прокламирана демократија и слобода - тие носат хаос. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња