Рогозин: местото на Украина во рускиот воено-индустриски комплекс ќе го заземе Белорусија

Вицепремиерот на Русија и претседател на Воено-индустриската комисија во владата, Дмитриј Рогозин, се сретна со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесува кореспондент на „Газета.ру“ од Минск.

Според зборовите на Рогозин, тој допатувал во Минск со цел да „разгледа што може да се направи во сферата на соработка меѓу ВИК после новонастанатата ситуацијата во Укриана“. Притоа, рускиот вицепремиер изјави дека Русија е заинтересирана да ја развива соработката со Белорусија и ВИК, а како една од причините за тоа го наведе раскинувањето на повеќето индустриски договори во таа сфера со украинските претпријатија.

Рогозин му изјави на Лукашенко дека неодамна тој бил на чело на руската делегација за време на посетата во Украина. „Ние го посетивме целиот исток на Украина, бевме и во Киев, имавме конструктивни преговори, а сега разочарувачки е тоа што постигнатите договори со украинската страна се раскинуваат“, изјави Дмитриј Рогозин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.