Наришкин: Украинизацијата на Крим не успеа

Украинизацијата на Крим, спроведувана над 20 години, не успеа, изјави претседателот на долниот дом на рускиот парламент, Сергеј Наришкин, на заседанието на Советот за образование во врска со прашањето за интеграцијата на Крим и Севастопол во образовниот систем на Русија.

„Во текот на повеќе од 20 години се спроведуваше политика на украинизација од киевските власти врз населението на Крим, но истата претрпе неуспех, бидејќи жителите на Крим го штитеа и чуваа историското наследство практично без никакви деформации“, изјави Наришкин.

„Треба да сфатиме дека значаен фактор овде е времето, бидејќи за два месеца започнуваат матурските испити, а од 1 септември новата учебна година“, додаде претседателот на Думата, потсетувајќи дека на територијата на Крим и Севастопол има неколку стотина општообразовни и неколку десетици установи од високото образование. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња