Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, предупреди дека „агресијата на Русија“ може да се прошири и во другите земји, пренесува „Газета.ру“.
Хилари Клинтон изјави дека „доколку Владимир Путин може да ги употреби истите аргументи за Крим за да влезе и во другите делови на Украина, но и во Естонија, Литванија и Летонија“.
„Тоа што го направи Путин е противзаконски и во спротивност од меѓународното право“, изјави Хилари Клинтон.
Таа напомна дека САД мораат повеќе да се ангажираат за да ја направат Европа енергетски понезависна и да ја заштитат од идните потези на Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче