Украина сака да го национализира имотот на Русија на својата територија како компензација

Загубите од национализацијата на украинскиот имот на Крим можат да се компензираат за сметка на рускиот имот во Украина и во странство, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на украинскиот министер за правда, Павел Петренко.

„Што се однесува до изјавите за национализација на државната сопственост на Крим и природните ресурси во Црното море, официјално изјавуваме дека Украина го остава за себе правото да преземе адекватни мерки за компензирање на тие загуби преку национализација на имотот на Русија во Украина и во странство. Тоа ќе го направиме според меѓународните и националните законодавства“, изјави Петренко.

Уточнувајќи за каков имено имот станува збор, Петренко изјави дека „рускиот 'Гаспром' има доста објекти на територијата на Европа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња