Меркел ѝ се закани на Русија со крах на економијата и односите со ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Русија ризикува големи економски и политички загуби доколку не се откаже од својот курс во однос на Украина.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Русија ризикува големи економски и политички загуби доколку не се откаже од својот курс во однос на Украина.

„Дами и господа, ако Русија продолжи да дејствува како во последните недели, тоа ќе биде катастрофа не само за Украина“, изјави таа за време на настап во Бундестагот.

„Тоа (непроменливоста на позицијата на Русија) нема да ги промени само односите на ЕУ кон Русија. Тоа ќе биде огромна штета за Русија, како економска, така и политичка“, изјави Меркел, а пренесува „Газета.ру“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.